Воска го искористи ремито на Вардар и Гостивар

484

Како што и се очекуваше, тимот на Воска успеа да го искористи вчерашното реми на Вардар и Гостивар и со триумфот над Тетекс денеска од 0:4 е осамен на лидерската позиција во ВМФЛ шампионатот.

Иљаз Чилафи и Аљбин Рамадани, Ален Јашароски и Ујкан Муча беа стрелци на головите за тимот на Воска.

Од друга страна тимот на Пелистер, исто така убедливо и без проблеми дојде до победа против Борец на домашен терен со 4:0. Спиркоски со три гола најдобар на теренот, а квартетот голови го заокружи Љамчевски.

Слога Виница со екстра победа против тимот на Беласица од 3:2, додека Арсими беше поуспешен од Каменица Саса со 2:1.

РЕЗУЛТАТИ 24.КОЛО

Пелистер – Борец 4:0

Детонит – Караорман 0:0

Охрид – Пехчево 1:1

Арсими – Саса 2:1

Кожув – Беса 2:0

Тетекс – Воска 0:4

Беласица – Слога (В) 2:3

ВЧЕРА:

Вардар – Гостивар 0:0

 

ТАБЕЛА: Воска 59, Вардар 56, Гостивар 55, Пелистер 50….

 

 

 

ПретходноПМФЛ: Ибраими ја “парчоса“ Победа, реми во Кратово, Работнички со триумф, убедлива Шкендија!
СледноБледи “лавови“, бледи “пандевци“, играа за да не загубат,…здодевно во Ѓорче! (ФОТО)