Еурофарм Пелистер без поголеми проблеми го доби „братското“ дерби со Еурофарм Пелистер 2 со 31:26 во првиот денешен меч од новото коло во Суперлигата. Пресметката не понуди многу изненадувања, затоа што поквалитетниот тим од самиотстарт ја презеде иницијативата и дојде до сигурна победа.
Ненад Костески со 8 гола беше најдобара на теренот, додека кај Еурофарм Пелистер 2 се истакна Павле Петровиќ кој постигна 7 гола.