ПМФЛ: Ибраими ја “парчоса“ Победа, реми во Кратово, Работнички со триумф, убедлива Шкендија!

2283

Попладнево се одиграа сите пет средби од “Велигденското“ 27.коло. Во Струга сепак нема изненадување, напротив, туку победа на лидерот со 6:2 и хет-трик на Бесарт Ибраими. Сепак во 19.минута Ферати ја “смрзна“ Струга ТЛ за водство на Победа од 0:1. Но потоа следуваа головите на Бојку, на Мухареми, Шабани и три на Ибраими за убедлив триумф на лидерот со 6:2.

Едноставно Бесарт ја “парчоса“ Победа.

Работнички го совлада Скопје, во натпревар одигран во Велес, и тоа со 1:0. Голот падна 81.минута а стрелец беше Гандо кој убаво го искористи центаршутот од корнер на Аломеровиќ за да го совлада Ефремов за големи три бода.May be an image of 2 people and people playing soccer

Убедлива победа на Шкендија против Тиквеш, блескаше Чинари со два гола, посебно ефектен беше оној првиот, во 70.минута, гол кој ретко се гледа на нашите стадиони. Стрелаа и Цаке и Милев, Шкендија со овие три бода и натаму е во трка за титулата.May be an image of 15 people, people playing football and people playing soccer

Без победник на фудбалската “војна“ во Кратово, со шанси на двете страни, со поништен гол на “сините“ и на крај само по бод за Силекс и Брегалница. Горан Здравков, стратегот на Брегалница и натаму е без пораз на клупата на штипјани.

Македонија ЃП и А. Пандев во Ѓорче одиграа без голови и без победник.

Во ова коло Шкупи беше слободен.

По ова коло на врвот на табелата сега Струга ТЛ има 53 бода, Шкендија е втора со 47, додека Шкупи е трет со 45, сепак треба да се каже дека лидерот допрва треба да биде слободен.

РЕЗУЛТАТИ 27.КОЛО

МАКЕДОНИЈА ЃП – А.ПАНДЕВ 0:0

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 1:0

(Гандо 81./)

ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 4:1

(Милев 40.Цаке 65., Чинари 70., 90./Вареловски 75.)

СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0:0

СТРУГА ТЛ – ПОБЕДА 6:2

(Бојку 42., Ибраими (п) 45+2.,73.,76, Мухареми 50., Шабани 68./Ферати 19., Кудијан 66.)

ШКУПИ (СЛОБОДЕН)

ПретходноКикс на Баерн, но Дортмунд истиот не го искористи
СледноВоска го искористи ремито на Вардар и Гостивар