ПМФЛ: “Пиратите“ го “меркаат“ Работнички, Шкендија го дочекува Тиквеш, “пандевци“ на гости во Ѓорче

260

 

Во денешното “Велигденско коло“ бр.27 во тековната сезона во ПМФЛ, два меча предизвикуваат големо внимание. Пред се тоа е дуелот во Велес меѓу Работнички и Скопје, скопско дерби и тоа во битката за опстанок, и оној во Кратово меѓу Силекс и Брегалница.

Скопје е во налет, игра добро,освојува бодови, победа над Шкупи, реми со Струга ТЛ, додема Работнички оваа пролет игра очајно, но сепак освои бод минатата недела кај “пандевци“.

Во случај на триумф на “пиратите“ во Велес е дури тогаш ќе има “смешки“во битката за избегнување на местото кое води во баражот.

Во секој случај ќе биде жестоко во Велес, тука нема дилеми.

Нема слика

Шкендија го дочекува Тиквеш и оди по трите бода, за тоа што може да се очекува од овој дуел, свој коментар има Давор Талески, голманот на тетовци:

“Ние уште се надеваме дека можеме да дојдеме до титулата. Има уште седум кола, за нас тоа се седум финалиња. Денеска играме против Тиквеш, се надевам на победа. Голем респект за Тиквеш, тим кој знае да игра на резултат, но Шкендија мора од првата минута да им покажена гостите дека нема што да бараат во Тетово“ изјави голманот на Шкендија.

Во Ѓорче домашната Македонија ЃП ја дочекува А. Пандев. “Лавовите“ обезбедија финале во Купот на Македонија а струмичани уште имаат грижи околу опстанокот.

Во секој случај интересен меч на две екипи кои поседуваат квалитет за одличен натпревар за гледање.

Струга ТЛ игра дома со Победа и повеќе од јасно е што може да се очекува од овој натпревар.

Екипата на Шкупи е слободна во 27.коло.

 

ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Македонија ЃП – А.Пандев

Работнички – Скопје

Струга ТЛ – Победа

Шкендија – Тиквеш

Силекс – Брегалница

Шкупи (слободен)

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 50, Шкупи 45, Шкендија 44, Силекс 39, Брегалница 36, Македонија ЃП 32, Тиквеш 30, Работнички 25, А. Пандев 21, Скопје 18, Победа 13…

ПретходноТухел за тепачката: Секој има право од време на време да претера!
СледноБратска пресметка во Битола, дерби во Охрид!