Струга фати залет, Скопје сигурен против Вардар Неготино!

106

Екипата на Струга ја запиша четвртата победа во низа, вкупно шеста во плеј-аутот, откако пред своите фанови славеше против Прилеп со 21-19. Со овие бодови стружани дојдоа до третото место на табелата, токму од таму го симнаа денешниот противник.

Домашните ракометари одиграа добро во првото полувреме кое го отворија со 4-1, водеа со 11-6. Во вториот дел позитивата беше и осум гола 15-7 и 16-8. Тимот на Прилеп се разбуди во втората половина, но веќе беше доцна успеа да намали само на два гола негатива.

Петар Маркоски со седум гола беше лидер кај победничкиот тим каде Никола Цветаноски запиша пет погодоци. Кај поразениот состав, Шокоски запиша пет гола.

На втората средба од денешната програма од десетото коло, Скопје 2020 дојде до убедлив триумф против Вардар Неготивно. Избраниците на Горан Кузманоски славеа со 33-28 за четвртта победа во овој дел од натпреварувањето.

Домашниот тим на одморот водеше со 16-14, по што клучната предноста ја направи во второто полувреме. Со серија од 7-1 поведе со 29-23 и до крај без проблем го приведе мечот во своја корист.

Марко Мишевски и Дејан Јакимовски со по седум гола ги предводеа скопјани. Лазар Адамовиќ со девет и Ѓорги Ташев со осум гола беа најдобри на теренот, но за жал не успеаја да донесат радост.

ПретходноАдеми со реми на своето деби за Пекинг Гуан
СледноПолувреме: Борбено во Велес, Победа прво ја шокираше Струга ТЛ, но лидерот сега има водство, води и Шкендија…