Фатјон Јусуфи – Струга ТЛ: Нема да биде лесно со Победа, но се знаат нашите амбиции!

114

Лидерот на табелата во ПМФЛ, тимот на Струга ТЛ денеска на свој терен, во меч од 27.коло го дочекува “фенерџијата“, составот на Победа. Нема дилеми кој е фаворит и кој тим се очекува да ги освои трите бода.

Играчот за врскана Струга ТЛ, Фатјон Јусуфи пред денешниот дуел со прилепчани истакнува:

“Минатонеделниот меч со Скопје покажа дека нема лесни противници и тоа се докажува од коло во коло. Ние како Струга ТЛ ги респектираме сите наши ривали, без разлика каде тие се наоѓаат на табелата. Нема да биде лесно со Победа, цела недела се подготвуваме за овој денешен меч. Знаеме што треба да правиме, се знаат нашите амбиции, јасно е дека одиме по трите бода. Треба да бидеме во вистинско издание ако сакаме да дојдеме до триумф“ посочи Јусуфи.

ПретходноЦрногорска тенисерка добила страшни закани: К*чко кога ќе дојдеш во Белград ќе ти ги исечам рацете!
СледноТухел за тепачката: Секој има право од време на време да претера!