Во рамките на 29 коло на шпанската Ла Лига, екипата на Барселона одигра без голови против Хетафе. Фудбалерите на Барселона двапати ја погодија пречката во првото полувреме. Сержи Роберто се повреди поради што мораше да го напушти теренот.
Во второто полувреме, четата на Чави можеше да дојде во водство меѓутоа во 56 минута Левандовски по удар со глава не го пронајде патот до мрежата. Во 75 минута Рафиња се најде во добра шанса но и тој не погоди.
Во финишот „Каталонците“ можеа да добијат студен туш откако по грешката на Араухо, топката ја собра Борха Мајорал но шутираше покрај голот.
Резултатот 0:0 е втор по ред за Барселона. Пред овој дуел тие играа 0:0 со Џирона. И покрај ремито каталонскиот гигант води по 29 кола на табелата со 73 бодови. Реал е втор со 11 помалку.