Кампл постигна гол – па се онесвести

657

Драматични сцени на вчерашниот дуел од Бундес лигата помеѓу екипите на Ред Бул Лајпциг и Аугзбург. Словенечкиот репрезентативец Кевин Кампл постигна гол, а потоа сакајќи да се израдува на истиот одеднаш почувствува болка. Најпрво во грбот, а потоа и во градите гестикулирајќи кон своите соиграчи дека не може да дише. Падна на тревата и за момент се онесвести. Лекарскиот тим на тимот веднаш реагираше, и за среќа Кампл набргу си дојде при свест и го продолжи мечот.

Нешто слично се случи и со голманот на Јувентус, Војчех Шчесни кој исто така се пожали на болки во градите на сред натпревар.

 

ПретходноОдличен старт на Иџе во европскиот поход: Прво место во трката и трет во генералниот пласман!
СледноКарло Анчелоти: Покажавме енергија и добар ритам (ВИДЕО)