Конечно, на 32 години ќе прави трансфер во Барселона

3995

Ињиго Мартинез како ветеран ќе заигра за Барселона, клубот за кој навивал како дете. Како што јавува италијанскиот „гуру“ за трансфери Фабрицио Романо, трансферот практично е завршен и се чека официјална потврда. Информациите од Шпанија зборуваат дека Мартинез неодамна бил на лекарски прегледи во Барселона и со каталонскиот клуб договорил соработка на две сезони.

Мартинез неколку години е поврзуван со Барселона, меѓутоа секој пат нешто го спречуваше да оди на „Ноу Камп“, прво високата откупна цена, потоа конкуренцијата (како стопери долги години играа Пике и Пујол), па потоа проблемите на Барса со финансиите, лимитираниот буџет за трансфери, но сега ќе може да заигра за „Каталонците“.
Во мај ќе наполни 32 години, а сега ќе помогне во дефанзивата каде што играат Кристенсен, Араухо, Гарсија и Кунде.

Ињиго прво играше за едниот баскиски клуб Сосиедад, а во 2017 година премина во другиот – Атлетик Билбао. Како слободен играч ќе треба да премине на „Ноу Камп“.

 

ПретходноРеваншот меѓу Челзи и Реал (М) ќе го суди Италијанецот кого Модриќ го нарече најлош судија во светот
СледноРинс ја искориски грешката на Бањаја и славеше во Остин