Мајката на Мбапе проговори за конфликтот меѓу синот и ПСЖ: Играчите си заминуваат, но клубот останува!

1298

Пред неколку дена ПСЖ и Килијан Мбапе се најдоа во нов конфликт. Некои работи не му се допаднаа на Французинот, јавно реагираше, а сега за тоа проговори и неговата мајка Фајза Ламари.

Во рекламна кампања за продажба на билети за следната сезона, ПСЖ неодамна без дозвола го искористи имиџот на Килијан Мбапе, што не и се допадна на француската ѕвезда.

Мбапе беше крајно лут на својот клуб што го направи ова без да биде прашан и без негово знаење, по што клубот од француската престолнина ја повлече објавата.

Фајза Ламари, мајката на Килијан Мбапе, проговори за скандалот кој изби поради контроверзното видео и ја објасни својата страна на приказната и онаа на Килијан.

Мајката на фудбалерот тврди дека реакцијата на ѕвездата на ПСЖ била од лутина, но и дека немало тензии меѓу него и управата на клубот.

„Ние бевме запознаени со тие слики, но не знаевме за што ќе послужат. Беше бесен. Ми се јави, како и секогаш кога треба да одлучи дали ќе реагира на социјалните мрежи.

Секој пат се јавуваат двајца или три лица. Го разбирам неговиот гнев, но му реков дека сега не е време за реакција. „Биди трпелив, ќе дојде време за разговор“, но тој ми одговори: „Не, не сакам да чекам, ги знам последиците и ќе ги преземам“. Брзо се налути бидејќи е целосно посветен.

Тој момент помина. Одговори како дете родено опкружено со социјалните мрежи. Сè брзо се врати во нормала, немаше конфликти.

Она што не го задоволи е начинот на кој беше претставена неговата позиција во соблекувалната. ПСЖ ќе остане ПСЖ без разлика дали Килијан ќе остане или ќе замине. Играчите си заминуваат, но клубот останува“, изјави Фајза Ламари, пренесува RMC Sport.

ПретходноУбедлив триумф за Ристовска и ЦСКА Москва!
СледноСампдорија со бод кај Лече! (ВИДЕО)