И тоа го има во Европа, во Белгија. Тоа се тие европски вредности. Имено на натпреварот во елитната лига на Белгија мешу Шарлроа и Стандард Лиеж (1:3) се случувале бизарни работи меѓу двете навивачки групи. Вербалните инциденти завршиле со десетина мртви глувци, да, добро читате, мртви глувци кои завршиле на трибината каде што биле гостинските фанови.
Домашните фанови прво ги офарбале во црвено мртвите глувци, ги внеле на стадионот, а потоа ги фрлиле кон навивачите на Стандард.
Бизарно, нема што.
“Навивачите на Шарлроа фрлија на нас мртви глувци. Не станува збор за еден или два, туку за десетина. Се надеваме дека раководството на Лигата ќе реагира, дека нашиот клуб ќе поднесе жалба и дека ќе реагираат здруженијата за заштита на животните“ велат фановите на Стандард Лиеж.