Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва продолжуваат во ист ритам. Во битката за титулата дојдоа до 35 победа во низа оваа сезона, откако на гостувањето кај Астраханочка славеа со убедливи 37-28.
Тимот на македонската репрезентативка оваа средба ја реши во второто полувреме, кое го доби со осум гола разлика (11-19), претходно домашниот состав беше порамноправен противник, на одморот имаше негатива од 17-18, но брзо го загуби здивот против силната ЦСКА Москва.
Ристовска средбата ја заврши со два гола од три обиди, на теренот мина 30 минути.