Бостон фуриозно на стартот од плеј офот, Сакраменто подобар од Голден Стејт (ВИДЕО)

153

Кошаркарите на Бостон Селтикс ја совладаа Атланта со конечни 112:99 во својата „ТД Гарден“ арена и на тој начин поведоа во плеј оф серијата со 1:0. Со оглед на тоа што се случуваше на овој меч, се гледа дека Бостон е поквалитете тим и очигледно со посилен состав. Селтикси беа подобри во секој сегмент од играта, пред се во нападот каде што ја расформираа одрбаната на противникот. До тој степен што во еден момент имаа и 32 поени разлика.

Џејлен Браун имаше 29 поени и 12 кока, додека Џејсон Татум додаде свои 25 и 11 скокови. Дери Вајт имаше поен помалку. Дежонте Мареј со 24 коша едимствен на ниво кај Атланта.

Од друга страна пак, тимот на Голден Стејт со 126:123 загуби на гостувањето кај Сакраменто. Фокс најјефикасен со одлични 38 поени додека Монк додаде свои 32. Стеф Кари стигна до 30 поени и шест скока.

Резултати:

Кливленд – Њујорк 97:101

Сакраменто – Голден Стејт 126:123

Филаселфија – Бруклин 121:101

Бостон – Атланта 112:99

Мајами – Чикаго 102:91

Минесота – Оклахома 120:95

ПретходноБудуќност го „откачи“ спасителот на Борац
СледноМарио Крстовски со еврогол во дуелот со Посушје (ВИДЕО)