На огромно изненадување на светската јавност досега речиси анонимниот Жилеи Жанг синоќа во Лондон го нокаутираше во шестата рунда шампионот Џои Џојс и на тој начин му го нанесе првиот пораз во неговата професионална кариера.
Пред самата борба, Џојс беше огромен фаворит и кладилницте му даваа 1.11 можност да победи, додека пак за противникот истата беше огромни 6.50.
Од самиот старт на мечот се виде дека противниците како да си ги замениле улогите и Женг го уништи противникот со тактички одлично подготвена борба.
Џојс до тој степен е победен што на стартот на шестата рунда неговото око буквално се затвори и судијата мораше да го прекине мечот.