Драматични сцени на вчерашниот дуел од Бундес лигата помеѓу екипите на Ред Бул Лајпциг и Аугзбург. Словенечкиот репрезентативец Кевин Кампл постигна гол, а потоа сакајќи да се израдува на истиот одеднаш почувствува болка. Најпрво во грбот, а потоа и во градите гестикулирајќи кон своите соиграчи дека не може да дише. Падна на тревата и за момент се онесвести. Лекарскиот тим на тимот веднаш реагираше, и за среќа Кампл набргу си дојде при свест и го продолжи мечот.
Нешто слично се случи и со голманот на Јувентус, Војчех Шчесни кој исто така се пожали на болки во градите на сред натпревар.