Најдобрите стрелци во историјата на ТОП-5 лигите: Роналдо со 495, сега и Меси со 495 голови! Кој ќе биде подобар? Секако, Лео!

467

Иако сега се одалечени со илјадници километри, сепак сите фудбалски фанови не престануваат да ги споредуваат. Се разбира дека станува збор за Кристијано Роналдо и Лео Меси, според многумина двајцата најдобри фудбалери во историјата.

Имаме среќа да живееме во нивната фудбалска ера, во изминатите две децении се радувавме на нивните голови.

А еве уште една споредба. Роналдо досега беше најдобар стрелец во историјата на ТОП-5 лигите во Европа. Тој успеал во дресот на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус да постигне неверојатни 495 голови, но на 626 натпревари. Вчера со голот против Ленс, и Меси стигна до бројката од 495 голови, но на 572 натпревари.

Со оглед на тоа дека Лео игра во Европа, игра за ПСЖ а од наредната сезона веројатно и за Барса, а Кристијано тешко дека ќе се врати во Европа, па и поради годините, секако дека и ово категорија Аргентинецит ќе биде подобар од Португалецот на радост на фудбалските фанатици кои се фасцинирани од Меси.

ПретходноПиоли: Не смеевме да примиме гол во првата минута
СледноТренерот на Борусија: Има причина зошто само еден клуб е шампион во последните десет години!