Се чини дека се “мириса“ на тоа дека во битката за титулата во ВТБ лигата ќе имаме македонски дуел и тоа меѓу Емил Рајковиќ (ЦСКА Москва) и Нено Димитријевиќ (Уникс Казан). И двете екипи на нашиот тренер и нашиот најдобар кошаркар, поведоа со по 1:0 во полуфиналните серии од плеј – офот во битката за титулата.
Вчера „армејците“ славеа против Локомотив, а денеска Нено и Уникс Казан во првиот меч од оваа серија просто го уништија Зенит од Санкт Петербург и тоа со 94:67.
Нено на паркетот беше 20 минути, постигна 8 поени и забележа шест асистенции, немаше потреба да игра повеќе.