Најдобриот македонски автомобилист, Игор Иџе Стефановски својот нов поход на Европа го започна успешно.
На стартот на Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC) која се одржува во Франција, тој го освои првото место во прва трка, додека заврши на третото место во генералниот пласман и тоа во силна конкуренција.
Пријавени се 190 натпреварувачи од кои Иџе е единствениот Македонец.
Пред почетокот на трката тој на сите Христијани им го честита големиот празник Велгиден.