Пол Дардаи ќе ја спасува Херта во последните шест кола

101

Бундеслигашот Херта им врачи отказ на првиот тренер Сандро Шварц и неговите помошници Волкан Булут и Даниел Фишер. Берлинците доживеаја дебакл од директниот конкурент Шалке (2:5) и се на последното место на табелата со 22 бода, четири помалку од сигурната зона.

„По разочарувачкиот пораз во Гелзенкирхен, ја анализиравме ситуација и донесовме одлука да направиме тренерска смена за да ги помрднеме работите“, објавија од клубот.

Жешкиот костен го презема Пол Дардаи кој се обврза да го води тимот до крајот на сезоната. Ова е негово трето враќање во берлинскиот тим, а претходно работеше од февруари 2015 до летото 2019 и потоа од јануари до ноември 2021 година.

Идното коло Херта ќе игра со Вердер, а до крајот остануваат уште шест кола односно во игра се 18 бодови.

 

ПретходноБарса втор меч по ред одигра без голови
СледноТрогателна приказна за играчот со една нога чиј гол беше прогласен за најубав во 2022! (ВИДЕО)