Рајн Некар Ловен е новиот освојувач на Купот на Германија

165

Ракометарите на Рајн Некар Ловен се новите освојувачи на ракометниот Куп на Германија. Во спектакуларно финале во преполната „Ланксес Арена“ во Келн Рајн Некар го совладаа Магдебург по продолженијата со 36:34.

Регуларниот дел од мечот заврши со резултат 27:27, а по продолженијата Рајн Некар беше з анијанса посреќен. Магдебург има за што да жали. На 11 секунди до крајот на регуларниот дел Магдебург промаши седмерец кој можеше да му го донесе трофејот.

Лидер во победничкиот тим на РН Ловен беше Уве Генсхајмер со осум гола, а Јури Нор додаде шест. На голот Жоел Бирлем забележа десет одбрани.

ПретходноГризман го држи Атлетико во водечката тројка во Ла Лига (ВИДЕО)
СледноТоа се тие европски вредности: Фрлиле десетина мртви глувци по гостинските фанови!