Фудбалерите на Рома го совладаа Удинезе со 3:0 во натпреварот од 30.коло во италијанската Серија А одигран на „Олимпико“.
Вечерва видовме по еден промашен пенал на двете страни и три гола во мрежата на Удинезе. Со овој триумф избраниците на Жозе Мурињо стигнаа до третото место во шампионатот со 56 бодови и се на пат кон пласман во Лигата на шампионите.
Головите за Рома ги постигнаа Бове во 37’, пелгрини 52’ и Абрахам во 91’. Нашиот репрезентативец Илија Несторовски ги одигра последните 15-тина минути на мечот.