Сака се избламира: Арсенал во 10.минута имаше 0:2, на 1:2 имаше и пенал, но сепак не победи, на радост на Сити! (ВИДЕО)

700

И втор меч по ред Арсенал не знае за победа, по она реми со Ливерпул минатиот викенд, попладнево во меч од 31.коло во Премиерлигата, во дербито на Лондон, лидерот на табелара одигра само 2:2 на гости кај Вест Хем. Со тоа загуби уште два златни бода во битката за титулата.

Несфатливо ако се знае дека во 10.минута имаше водство од 0:2 со головите на Жезус и Одегард, и кога се чинеше дека ќе го згази домашниот состав, се случи несфатлив пад во играта на тимот на стратегот Микел Артета.

Тоа Вест Хем го искористи и во 32.минута од пенал намали на 1:2.

Арсенал во 52.минута имаше златна шанса повторно да има два разлика, но Сака од пенал просто се избламира. Топката ја упати преку пречката на “чеканите“.

Казната стигна многу бргу, само три минути подоцна кога Боувен израмни на 2:2.

Вест Хем во финишот можеше да дојде до комплетен пресврт, но Антонио ја погоди стативата на “топчиите“.

Па така сега по овие 2:2, Арсенал е прв со четири бода повеќе пред Сити, но и со натпревар повеќе.

Пеп и “граѓаните“ ова го чекаа.

ПретходноТренерот на Борусија: Има причина зошто само еден клуб е шампион во последните десет години!
СледноФрајбург победи во Бремен и продолжи да ја сонува ЛШ