Скандал во Ла Лига: Фановите на Кадиз го нарекуваа Рудигер – “црно копиле“, а тој тргна да се пресметува со нив! (ВИДЕО)

1293

Како да не може без инциденти кога играат Кадиз и Реал Мадрид. “Кралевите“ не блескаа, победи со 0:2, но после мечот се случи скандал. Имено неколку неодговорни фанови на Кадиз, додека Антонио Рудигер, дефанзивецот на гостите, после мечот му го подари дресот на едно момче, почнаа да го гаѓаат гостинскиот фудбалет со разни предмети, а и да викаат по него со расистички зборови…како на пример “црно копиле“.

Еден фан отиде предалекум па имаше и посебна “конверзација“ со Рудигер, а овој го повика домашниот фан на тепачка “еден на еден“.

Се разбира дека до тоа не дојде.

ПретходноНено и Уникс го растурија Зенит во 1/2 финалето од плеј – офот во ВТБ лигата!
СледноПиоли: Не смеевме да примиме гол во првата минута