Тренерот на Борусија: Има причина зошто само еден клуб е шампион во последните десет години!

507

Борусија Дортмунд не го искористи киксот на Баерн кој одигра само 1:1 со Хофенхајм. Имаше шанса да победи кај Штутгарт на гости, но во драматичен финиш противникот израмни во 97. минута.

„Има причина зошто само еден тим беше шампион на Германија во последните десет години, а ние не го направивме тоа. Против Штутгарт повторно покажавме како можеме да ја урнеме целата напорна работа што ја направивме во последните неколку месеци, сета пот што ја пролеавме за да дојдеме до оваа позиција“, изјави тренерот на Борусија, Един Терзиќ по натпреварот.

Борусија одамна не е во подобра позиција да ја освои шампионската титула во Германија. Трката за титулата во лигата се уште е отворена, а Баерн има само два бода предност во односн на Борусија.

ПретходноНајдобрите стрелци во историјата на ТОП-5 лигите: Роналдо со 495, сега и Меси со 495 голови! Кој ќе биде подобар? Секако, Лео!
СледноСака се избламира: Арсенал во 10.минута имаше 0:2, на 1:2 имаше и пенал, но сепак не победи, на радост на Сити! (ВИДЕО)