Марчин Олекси е херој на обичниот човек, херој на милиони луѓе широм светот кои имаат проблем со своето здравје, кои ете судбината сакала да останат со една нога или една рака, или и без двете.
Тој пред два месеци го доживеа својот сон, ФИФА неговиот гол го прогласи најубав во светот на фудбалот за 2022 година и ја доби наградата „Пушкаш“, која се доделува секоја година на стрелецот на најубавиот гол во изминатата година.
Полјакот се натпреварува во Лигата за лица со ампутирани нозе, игра за тимот на Корона Кожов, а спектакуларниот гол го постигна на средбата со Варта Познањ.
Марчин ја раскажува својата тажна приказна, настанот кој што се случил пред 13 години кога тој тогаш работел во фирма која ги поправала дупките по патиштата.
“Мојот шеф ме прати мене и уште неколкумина мои другари да поправиме една улица. Наиде еден повозрасен човек со своето возило и удри во валјакот кој беше до мене, ја имав таа “среќа“ валјакот да помине врз двете мои нозе. Веднаш со автомобил на Брза помош ме пренесоа во болница, а јас од болки се онесвестив. Беше пеколно болно, што да ви кажам. Кога се разбудив после операцијата видов дека едната нога ми ја нема, ја ампутирале, а на другата имаше повеќе штрафови“ раскажува Марчин и продолжува со својата тажна приказна.
Тој открива како и зошто го нашол мотивот да продолжи да живее и да се радува на сегашниот живот иако важи за тешко хендикепирано лице, лице кое игра фудбал.
“Не кријам, во болница постојано плачев и ја проколнував својата судбина, зошто мене, зошто мене… си повторував во себе веројатно милион пати додека лежев во болничкиот кревет. Мојата сопруга во тие моменти беше бремена и затоа морав да се борам, не смеев да се откажам од својот живот, за мене, за нејзе, за нашете дете кое беше на пат. Видете, најважно е да се борите и покрај сите проблеми кои ви доаѓаат во вашиот живот. Животот е премногу убав за да така лесно се откажете од него. И кога сте несовршени како мене морате и само треба да уживате во својот живот“ заврши Марчин, стрелецот на голот со „ножички“ и тоа без една нога, спектакуларен гол прогласен за најубав во 2022 година.
Let’s give it up for this brilliant goal by Polish amputee footballer Marcin Oleksy…pic.twitter.com/iAvCQBhRgB
— Visegrád 24 (@visegrad24) November 8, 2022