Убедлив триумф за Ристовска и ЦСКА Москва!

69

Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва продолжуваат во ист ритам. Во битката за титулата дојдоа до 35 победа во низа оваа сезона, откако на гостувањето кај Астраханочка славеа со убедливи 37-28.

Тимот на македонската репрезентативка оваа средба ја реши во второто полувреме, кое го доби со осум гола разлика (11-19), претходно домашниот состав беше порамноправен противник, на одморот имаше негатива од 17-18, но брзо го загуби здивот против силната ЦСКА Москва.

Ристовска средбата ја заврши со два гола од три обиди, на теренот мина 30 минути.

ПретходноИнзаги на состанок кој траел долго во ноќта – Интер му постави ултиматум!
СледноМајката на Мбапе проговори за конфликтот меѓу синот и ПСЖ: Играчите си заминуваат, но клубот останува!