Уште двајца рели возачи загинаа викендов

264

Два дена откако Ирецот Крег Брин загина во Хрватска на релито Кроација во ВРЦ шампионатот, двајца учесници загинаа на релито Вила де Тинео во Шпанија.

Во несреќата која се случила на патеката загинаа возачот Хулио Цезар Кастриљо и неговиот сопатник Франциско Хавиер Алварез. Трагедијата се случила кога возачите изгубиле контрола над својот автомобил (Цитроен DS3 N5).

Според извештаите, тие со голема брзина удриле во дрво покрај патеката.

ПретходноРома убедлива против Удинезе, 15-тина минути за Несторовски (ВИДЕО)
СледноТренерот на Гетафе го исмејуваше Чави!