Фрајбург победи во Бремен и продолжи да ја сонува ЛШ

76

Екипата на Фрајбург забележа вредна победа на гостувањето кај Вердер со 2:1 во 28.коло на Бундес лигата. Сите три гола паднаа во второто полувреме, а интересно, поведе Вердер со голот на Максимилијан Филип во 47 минута.

Меѓутоа гостите со два брзи гола ја обезбедија победата. Во 67 минута погоди Салаи на асистенција на Холер, а четири минути подоцна Холер ја донесе победата на асистенција на Салаи.

Фрајбург по 28 кола има 50 бода и е оддалечен еден бод од третото и четвртото место кое водат во Лигата на шампионите идната сезона.

Вердер е на 12 место со 32 бода. „Музикантите“ шест меча немаат победа (четири порази и две ремија).

ПретходноСака се избламира: Арсенал во 10.минута имаше 0:2, на 1:2 имаше и пенал, но сепак не победи, на радост на Сити! (ВИДЕО)
СледноРублев со прва Мастерс 1000 титула – го освои Монте Карло!