Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа над Алмерија во Мадрид со 2:1 во 29. коло од шпанската Примера. Мечот почна според планот на Диего Симеоне, а домашните поведоа во петтата минута кога Антоан Гризман со глава го совлада немоќниот Мартинез.
Атлетико имаше повеќе од играта, но казната за промашувања стигна во 37. минута кога топката се одби од Хименез во голот на Облак за 1:1.
Радоста на гостите не траеше долго, Антоан Гризман повторно го доведе својот тим во водство по додавањето на Караско во 44. минута.
По оваа победа Атлетико е трет во Примера со 60 бода.