Карло Анчелоти: Покажавме енергија и добар ритам (ВИДЕО)

114

Екипата на Реал Мадрид синоќа на гостински терен против тимот на Кадиз триумфираше со 0:2 и освои значајни три бода.

Тренерот Карло Анчелоти задоволен од изведбата на неговиот тим рече дека на овој меч Реал покажал енергија и добар ритам во текот на сите деведесет минути.

„Одигравме комплетен натпревар. Во првото полувреме не бевме доволно успешни, но тимот одигра многу добро. Тогаш постигнавме гол во најтешката ситуација. Покажавме енергија и добро расположение во натпревар кој можеше да замине и во сосема спротивниот правец. Начо, Асенсио и Себаљос му додадоа многу вредност на тимот вечерва. Утре ќе работиме со оние кои се уште не тренирале да се подготват за вторник, а потоа ќе се одмориме“, изјави Анчелоти по дуелот.

 

ПретходноКампл постигна гол – па се онесвести
СледноИнзаги на состанок кој траел долго во ноќта – Интер му постави ултиматум!