Македонскиот интернационалец во тимот на Слога Добој, и екс У21 репрезентативец, Марио Крстовски постигна вистински евро гол за својот тим на вчерашниот дуел против тимот на Посушје.
Крстовски погоди од слободен удар заверувајќи ја победата од 2:0 во 59.минута од мечот.
Ова за Крстовски е седми гол сезонава во шампионатот на Босна и Херцеговина, а на ова додаде и две асистенции.
Одличната форма на Крстовски секако дека радува и тој како што беше своевремено опција за младинските селекции на Македонија сега би можел да е еден вид засилување и за моменатлата генерација во А репрезентацијата.