Реваншот меѓу Челзи и Реал (М) ќе го суди Италијанецот кого Модриќ го нарече најлош судија во светот

625

Судијата кого фудбалерот на Реал (М), Лука Модриќ, го нарече еден од најлошите судии во светот, Италијанецот Даниеле Орсато е делегиран да го суди реванш натпреварот меѓу Челзи и Реал Мадрид, во четвртфиналето на ЛШ.

За време на Светското првенство во 2022 година, Модриќ, немаше добри зборови за арбитражата на Орсато, па останува да се види како сега Хрватото ќе биде задоволен од неговото судење на реваншот во Лондон. Орсато веќе им судеше на Реал Мадрид и Челзи во Лигата на шампионите. И тоа во 2021 година во полуфиналната фаза. Тогаш Челзи дома го победи Реал Мадрид со 2-0 и стигна до финалето.

Полјакот Шимон Марчинијак е назначен да ја дели правдата на реванш натпреварот Наполи-Милан.

ПретходноЃорѓиев со 16 победи за прва победа на АХЦ Волеј во финалето на плеј-офот
СледноКонечно, на 32 години ќе прави трансфер во Барселона