Сампдорија со бод кај Лече! (ВИДЕО)

59

Во првиот меч од 30.коло во Серија А од денешната програма, Лече и Сампдорија одиграа 1:1. Ова беше дерби на дното на табелата, бодовите им беа важни на двете екипи, посебно на гостите и на стратегот Дејан Станковиќ, но и Лече и Сампдорија мораа на крајот да се задоволат само со по бод.

Домашните поведоа со гол во Цесеј во 31.минута, за да гостите израмнија со убавиот гол на некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Хесе Родригез во 75.минута.

Тимот од Џенова и натаму е на последното место на табелата во Серија А и само чудо може да ги спаси од испаѓање.

ПретходноМајката на Мбапе проговори за конфликтот меѓу синот и ПСЖ: Играчите си заминуваат, но клубот останува!
СледноНено и Уникс го растурија Зенит во 1/2 финалето од плеј – офот во ВТБ лигата!