Вчера фудбалска Босна ја потресе сериозен инцидент на дуелот Модрича и Лакташи.Поразот на домашните од 2:3 падна во втор план откако најпрво се стпеаа играчите меѓу себе, а потоа дел од играчите се качија на трибина за да се пресметаат со публиката.
Откако судијата Мирослав Бјелица не досудила прекршок за домашните следуваше хаос на теренот. Покажани се четири црвени картони, три за домашните, еден за гостите. Нередите од теренот се преселија на трибина, каде што се наоѓаа гостинските навивачи. Хаосот на трибината беше забележан од неколку камери.