Трамвај поминал на црвено и удрил во автомобилот на Имобиле (ВИДЕО)

493

Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле доживеа сообраќајна несреќа во Рим. За среќа тој не е тешко повреден.

Според првичните информации кои ги објави италијанската Gazzetta dello Sport, фудбалерот на Лацио се судрил со трамвај, кој поминал на црвено светло.

Неколку лица од трамвајот се полесно повредени, а едно лице е пренесено во болница. Фудбалерот се огласи набргу по несреќата.

„Трамвајот помина на црвено светло. За среќа, добро сум, само ме боли раката“, изјави капитенот на Лацио.

Во автомобилот на Имобиле, со него биле и двете ќерки, а по судирот се отворило воздушното перниче. Иако минеле без повреди сепак тој и ќерките биле испратени во болница на прегледи.

 

Претходно„Кршење“ со јајца пред почеток на натпревар… екипите на Речица и Јуниор го испочитуваа адетот и честитаа Велигден (ВИДЕО)
СледноОдличен старт на Иџе во европскиот поход: Прво место во трката и трет во генералниот пласман!