Унион и покрај ремито се држи на третото место, Бохум го прими 2000. гол во Бундес лигата

84

Унион Берлин се задржа на третото место на табелата со 52 бода после ремито 1:1 со Бохум во 28 коло на Бундес лигата. Берлинците кои се борат за историски настап во Лигата на шампионите идната сезона поведоа во финишот на првото полувреме со голот на Филип Јурановиќ од слободен удар.

Сепак, во вториот дел гостите беа подобри па стигнаа и до изедначување преку голот на Штогер од пенал во 55 минута. Шест минути подоцна Џакел доби црвен картон (втор жолт), па Унион играше со десетмина на терен.

Три минути подоцна поради офсајд му беше поништен гол на Реман, а до крајот двете екипи имаа по една убава шанса но резултатот остана непроменет.

Бохум заокружи 2000 примени погодоци во Бундес лигата.

ПретходноФаџоли погреши, Јувентус прими гол и загуби од Сасуоло (видео)
СледноГризман го држи Атлетико во водечката тројка во Ла Лига (ВИДЕО)