Два дена откако Ирецот Крег Брин загина во Хрватска на релито Кроација во ВРЦ шампионатот, двајца учесници загинаа на релито Вила де Тинео во Шпанија.
Во несреќата која се случила на патеката загинаа возачот Хулио Цезар Кастриљо и неговиот сопатник Франциско Хавиер Алварез. Трагедијата се случила кога возачите изгубиле контрола над својот автомобил (Цитроен DS3 N5).
Според извештаите, тие со голема брзина удриле во дрво покрај патеката.