Фаџоли погреши, Јувентус прими гол и загуби од Сасуоло (видео)

342

Екипата на Јувентус претрпе нов пораз во италијанската Серија А, а овојпат на гостувањето кај Сасуоло со 1:0. Голот на одлука падна во второто полувреме. По еден корнер на Сасуоло, Фаџоли лошо исфрли, место на спротивната страна тој му подаде на Дефрел кој од свртување шутна и го погоди голот на Јувентус.

По тој гол тренерот Алегри реши да ги извади Костиќ и Фаџоли од игра, а да ги внесе Киеза и Мирети. Токму Фаџоли на клупата се расплаче, па соиграчите го тешеа.

Јувентус го впиша седмиот пораз сезонава и е на четири бода помалку од Лигата на конференции. Сасуоло е на 10. место со 40 бода.

ПретходноАнтони го води Јунајтед во Лигата на шампиони
СледноУнион и покрај ремито се држи на третото место, Бохум го прими 2000. гол во Бундес лигата