Ерлинг Халанд игра фантастична сезона и тој вчера во победата над Лестер постигна два гола. Со тоа, се израмни по бројот на постигнати голови во една сезона со легендарниот Луис Назарио Да Лима Роналдо. Тој во дресот на Барселона во сезоната 1996/97, на 20. годишна возраст постигна 47 гола на 49 натпревари во сите натпреварувања за Каталонците. Ова остана најпродуктивната сезона во кариерата на бразилецот до крајот на неговата кариера.
Сепак, 22-годишниот Халанд веќе го израмни по голови 47.овој рекорд, но на дури девет натпревари помалку сезонава. Според сите пресметки секако, се чини дека норвешкиот напаѓач ќе го подобри рекордот на феноменот, бидејќи би требало да одигра уште десетина натпревари сезонава доколку секако се е во ред со неговото здравје.