Никола Ѓорѓиев и екипата на АЦХ Волеј силно ја почнаа финалната серија од словенечкиот плеј-оф. Во првиот финален меч против Калцит Камник, Ѓорѓиев и неговите соиграчи на домашен терен славеа со максимални 3:0.
Според правилата, шампионската титула ќе му припадне на тимот кој прв ќе стигне до три победи. АХЦ Волеј оваа сеозн 7 пати играше против Калцит и оствари исто толку победи.
Никола Ѓоргиев беше најефикасен на првиот финален дуел со 16 поени. Вториот меч од финалната серија е закажан за 19 април.