Иако Њукасл доби богати сопственици од Саудиска Арабија, клубот досега беше внимателен на трансфер пазарот поради правилата за финансиски фер-плеј. Сепак, се чини дека клубот ова лето ќе тргне многупоагресивно на трансфер пазарот во пресрет на новата сезона.
„Телеграф“ денеска пишува дека Арапите им дале „зелено светло“ на луѓето од управата да почнат да размислуваат за ангажман и на поскапи засилувања. Њукасл е во потрага по стопер, лев бек, двајца играчи од средниот ред и напаѓач. „Телеграф“ шпекулира дека во раководството на клубот се зборува за ангажман на Џејмс Медисон од Лестер, Ајван Тони од Брентфорд и Деклан Рајс од Вест Хем, додека како четврта ѕвезда се споменува Виктор Осимен од Наполи кој би можел да биде „бомбата“ на трансфер пазарот.