Ања Алтхаус и Скопје се разделија!

1859

Ања Алтхаус по завршување на својата играчка кариера, тренерскиот „занает“ одлучи да го печали во Македонија. Поранешната германска репрезентативка доби свое место во тимот на Скопје 2020, како помошник на Горан Кузманоски, кој несебично го делеше целото свое знаење.

Но, кон крајот на оваа сезона дојде до прекин на соработката. Веќе два меча таа не е на клупата на Скопје 2020, двете страни решиле да се разделат и секој да продолжи по својот пат.

Алтхаус е веќе ангажирана во македонската ракометна репрезентација на плажа, како помошник на селекторот, Златко Мојсоски. Покрај ова таа соработува и со ЕХФ, беше коментатор на мечевите од изминатото ЕП кое дел се одржа и во Скопје.

ПретходноБања Лука го пречека Ноле со факели и велигденски јајца (ВИДЕО)
СледноКалин Ивановски напредуваше пет места на АТП-листата