Еден од „талисманите“ на Чави во Барселона оваа сезона, Серхи Роберто поради повреда ќе пропушти повеќе од еден месец од фудбалските натпрвари.
Дефанзивецот на Барселона се повреди на натпреварот со Хетафе (0:0) и беше заменет во 17. минута.
Според каталонски „Спорт“, 31-годишниот играч ќе пропушти околу 5 недели поради повреда на тетивата. Во тековната сезона на Ла Лига Роберто одигра 20 натпревари на кои постигна 4 гола и имаше 1 асистенција.