Скандал во Аргентина: Зарем ова е пенал, ни ВАР не “помогна“! (ВИДЕО)

401

Индепендиенте и Расинг се два клуба во Аргентина веднаш по Ривер и Бока, и нивниот дуел е нарекуван “ЕЛ Класико“, за разлика од она „Супер Класико“, и кога е така тогаш јасно е дека цела Аргентина се “тресе“ кога се среќаваат овие две екипи.

А на последниот нивни меч се случи да биде досуден најскандалозниот пенал во историјата на нивните меѓусебни мечеви.

Имено при резултат 1:0 за домашните, во 35.минута беше покажан пенал за Расинг. Очигледно е дека фаилот беше барем еден метар надвор од казнетиот простор, ни ВАР не “помогна“ бадијала беа оправданите реакции на домашните играчи.

Пеналот беше изведен и така гостите дојдоа до 1:1, до бод.

Нема што, ова е еден од најскандалозните пенали и во историјата на фудбалот во земјата која е светски првак.

 

ПретходноКоментар на 27. коло: И нема спас на Победа, “најфудбалскиот град“ останува без прволигаш, лидерот си “гази“, исто и Шкендија!
Следно„Скај Спорт“: Баерн одлучи да го продаде Мане на лето!