Гуцев останува тренер, Беласица не му ја прифати оставката!

303

Во саботатa, веднаш по поразот дома и тоа од Слога (В) со 2:3, тренерот на Беласица, Благој Гуцев си поднесе оставка, но по денешните настани по се изгледа дека тој и натаму ќе биде на клупата на струмичкиот второлигаш.

Имено раководството на Беласица по денешниот состанок одлучи истата да не биде прифатена, клубот му ја дава целосната поддршка на својот тренер.

Еве што клубот објави на својот официјален ФБ профил во текот на денот:

На денешниот состанок на управата на ФК Беласица АД, беше разгледена понудената оставка на шефот на стручниот штаб Благој Гуцев и беше одлучено едногласно дека не е прифатена истата. Гуцев ја ужива целосната доверба и ја има поддршката на управата, како и на фудбалерите и тој е нераскинлив дел од плановите за иднината на ФК Беласица и враќањето на клубот во ПМФЛ.

Со почит,

ФК Беласица АД.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шпетим Дуро (Струга Трим Лум)
СледноШокантно: Дали е ова Роналдо? Со лакирани нокти!!! (ФОТО)