Емил Рајковиќ е тренер на годината во Русија

430

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ е прогласен за најдобар тренер во Русија, поточно во тамошната ВТБ кошаркарска лига му е доделен трофејот за тренер на сезоната.

Одличното признание за Рајковиќ доаѓа по резултатска успешната сезона во која што има 30 победи во 32 меча и како лидер го заврши регуларниот дел со неговиот тим ЦСКА.

Низ каков период минува тимот на ЦСКА Москва доволно говорат фактите дека тимот постави рекорд за најдобар старт на сезоната, (24-0), најдолга серија на победи (24-0), 30 победи во регуларен дел од сезона, 14 натпревари со 100 поени или повеќе и најдобар учинок во регуларниот дел од сезоната (95,6 поени по натпревар).

ПретходноРадмила Јованова најдобра на ултрамаратонот во Хрватска
СледноПромени во СК во ски-скокови: Од следната сезона максимум по 5 натпреварувачи од една земја!