Тимот на Ливерпул конечно заличи на тим кој до пред само неколку месеци, жареше и палеше по терените нис Англија но и Европа. По серијата очајни игри и резултати, Редси конечно вечерва покажаа дека сеуште се кадарни да победат некого во висок стил.
Конечни 1:6 за Ливерпул на гостувањето кај Лидс, кој ни крив ни должен што се вели беше „растурен“ вечерва на свој терен.
Серијата на гостите ја стартуваше Гакпо кој погоди во 35. минута за потоа да се надоврзе Салах. Во вториот дел Синистера за момент намали на 1:2, но Диого Жота враќа два плус за Ливерпул. Салах повторно стрелец за 1:4, Диого Жота уште еднаш стрелец за 1:5, а Дарви Нуњез ги постави конечните 1:6.
https://ok.ru/video/4728272653018