Навивач го праша Лапорта дали Меси ќе се врати во Барса, доби неочекуван одговор!

3041

Лионел Меси речиси сигурно ќе го напушти ПСЖ на крајот на оваа сезона бидејќи ја одби можноста да го продолжи договорот со овој клуб. Сите се надеваат дека Аргентинецот ќе се врати во Барселона и таму ќе ја заврши кариерата, а еуфоријата меѓу навивачите на каталонскиот клуб вчера ја зголеми и претседателот, Жоан Лапорта.

Фановите прашаа дали Меси ќе се врати во клубот, а одговорот на првиот човек на каталонскиот гигант стана главна тема на социјалните мрежи.

Сето ова се случи на стадионот Гетафе пред вчерашниот натпревар од Ла Лига кога Лапорта беше главна ѕвезда на трибините, а многу навивачи на Барса сакаа да се фотографираат со него.

Еден од навивачите го праша Лапорта што се случува со Меси и дали ќе се врати во клубот, а претседателот на Барселона кратко одговорил „да“ и му намигнал на навивачот, а видеото стана хит на интернет.

Меси ќе донесе одлука за продолжување на кариерата на крајот од оваа сезона, а претходно не сака да се зборува на оваа тема. Покрај Барселона, на маса има и богата понуда од Саудиска Арабија, како и понуда од американската МЛС.

ПретходноСтара школа во изведба на Јокиќ – постигна кошеви кои НБА ретко ги гледа (ВИДЕО)
СледноЗинедин Зидан доби понуда која секој би ја прифатил, но не и тој!