Шпанските медиуми попладнево пренесуваат дека Реал одлучил што ќе биде со Лука Модриќ по завршувањето на сезоната. Радио станицата „Кадена СЕР“ објави: „Модриќ дефинитивно ќе го продолжи договорот со Реал на уште една сезона“.
Договорот на Модриќ со Реал завршува за два месеци, а клубот се уште официјално не му понудил нов. Со оглед на возраста на Модриќ, тие во последните години му даваа едногодишни договори. Се очекуваше истото да го добие и за следната сезона, но откако досега тоа не се случи, се повеќе се шпекулираше дека Модриќ налето си заминува од Мадрид.
Хрватскиот капитен дојде во Реал од Тотенхем пред 11 години. Оттогаш одигра 477 натпревари за Реал.