„Скај Спорт“: Баерн одлучи да го продаде Мане на лето!

559

Конфузијата во која се најде Баерн (М) по скандалот со тепачката меѓу Мане и Сане, првите луѓе на минхенскиот состав сметаат дека одлуката да се донесе Мане од Ливерпул е голема грешка.

Садио Мане во Баерн Минхен по се изгледа нема да остане и следната сезона, барем како што тврди германската ТВ „Скај Спорт“. Според новинарите на телевизијата, клубот има намера да преговара со играчот на крајот од актуелната сезона и да му дозволи да си замине.

Баерн заклучил дека ангажирањето на Сенегалецот е грешка, пред се поради неговата висока плата која би надминала 20 милиони евра годишно. Томас Тухел исто така не планирал постојано да го користи напаѓачот, што значи дека баварците бараат брзо решение да се ослободат од него.

Мане беше казнет и суспендиран од Баерн пред дуелот против Хофенхајм, откако Сенегалецот беше вмешан во пресметка со Лерој Сане. Мане засега се нема изјаснето околу неговата позиција во тимот.

ПретходноСкандал во Аргентина: Зарем ова е пенал, ни ВАР не “помогна“! (ВИДЕО)
СледноРеал одлучи што ќе прави со Модриќ